На осумгодишна возраст се прослави со улогата на Пипи Долгиот Чорап во истомениот филм за деца, а шведската актерка Ингер Нилсон (60) за тие, сега веќе дамнешни времиња и за кариерата последните години зборувала во неодамнешното интервју за Algemeen Dagblad.
Во последниве години, таа глуми во германската форензичка серија „Der Kommissar und das Meer“, тврдејќи дека поради улогата на Пипи не добивала бројни нови ангажмани.
– Еден режисер во театарот ми рече отворено дека не може да ја има Пипи на сцената – рекла таа.
Само затоа што Ингер не добила ни скршена пара за планетарно популарната улога, нејзините обожаватели, кои пораснале со овој филм и ги сакале неговите јунаци, решиле да соберат донации за актерката и нејзините филмски пријатели Аника и Томи.
Открила дека никогаш не добила хонорар за глобално познатата улога заради тогашните законите од доцните 60-ти години. Откако тоа го дознале, многу љубители на филмот кои пораснале со Пипи се собрале и решиле да соберат донации за Нилсон како и за нејзините филмски пријатели Аника и Томи. Тие досега собрале 37.000 евра, но актерката не беше воодушевена од веста.
– Најпрво бев лута затоа што не сакам да ја изиградвам жртва и да барам милост. Кога се смирив, сфатив дека ова е само еден нивен знак за почитување и желба фановите да ни покажат колку нè почитуваат – заклучила таа.
foto: Pixsell/Promo/Printskrin