Добитник на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија

421

Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.

Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.

Абиј Ахмед Али е награден за својата „одлучна и пресудна иницијатива за решавање на пограничниот судир со соседна Еритреја“, се наведува во образложението за наградата од норвешкиот Нобелов комитет за мир.

– Кога во април 2018 година Абиј Ахмед стана премиер, јасно кажа дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо разработи принципи за мировен договор со кој би се ставил крај на долгорочниот застој меѓу двете земји.

Наградата, во вредност од околу 900.000 долари ќе му биде доделена во Осло на 10 декември.
Меѓу фаворитите за овогодинешната награда беше и најпознатата активистка на денешнината, 16-годишната Грета Тунберг од Шведска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...