Доаѓа ветер со 80 км на час, па топли денови

1017

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 23 до 30 степени.УВ=6.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура до 27 степени.

До утре ќе дува засилен северен ветер, кој на повисоките места ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Од петок под влијание на потопла воздушна маса ќе има пораст на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...