Британскиот музичар Елтон Џон бил тесно поврзан со британското кралско семејство, но немал особено високо мислење за нив. Ова не било случај со принцезата Дијана. Според него, таа можела да ги натера луѓето да ја сакаат и да се чувствуваат удобно во нејзиното друштво со голема леснотија. Тоа бил нејзин благослов, а го наследиле и нејзините деца, особено принцот Хари. Ви носиме извадок од неговите мемоари.
Фамозната фотографија на која Дијана држи за рака пациент кој има ХИВ – тоа е вистинската Дијана. Мислам дека не се обидуваше да остави голем впечаток со тој потег, но очигледно успеа во тоа. Во тој момент, ја промени засекогаш свеста на јавноста кон ХИВ.
Таа едноставно запознала некој што страдал, умира во агонија и зошто да не му ја пружи раката и да го допре? Тоа е природен човечки рефлекс, да се обидете да утешите некого.
Во текот на годините што ја познавав, таа беше феноменално друштво за забава, најдобар гостин на сите собири, неверојатно директна, мајстор за озборувања. Можевте да ја прашате што било, и таа ќе ти раскажеше.
Колку мене ме импресионираше Дијана не беше ништо во споредба со ефектот што го имаше врз стрејт мажите. Се чинеше како да го губат умот во нејзиното присуство, како да се целосно маѓепсани.
Додека го снимав филмот „Кралот лав“, Џефри Каченберг, директорот на „Дизни“, дојде во Англија. Дејвид Фурниш, мојот сегашен сопруг, и јас направивме забава за него и неговата сопруга и го прашав дали сака да запознае некој специјален. Како од топ, тој рече – принцезата Дијана.
Ја поканивме леди Ди, Џорџ Мајкл, Ричард Куртис и неговата сопруга, Ричард Гир и Силвестер Сталоне, сите кои беа во Британија во тој момент.
Се случи невообичаена сцена. Ричард Гир и Дијана на прв поглед се заинтересираа еден за друг. Таа во тој период беше разведена од Чарлс, а тој само што имаше раскинато со Сидни Крафорд. Заедно седеа пред каминот занесени во интимен разговор.
Додека ние разговаравме, не можев да не забележам чудна атмосфера во собата. Силвестер Сталоне ги „стрелаше“ со поглед. Очигледно не му се допадна блискоста меѓу Ричард и Дијана. Мислам дека дојде на забавата со намера да ја освои Дијана, но планот му пропадна.
Вечерата беше сервирана, седнавеме зад масата, а Ричард и Силвестер ги немаше. Го замолив Дејвид да ги побара, а тој се врати со чуден израз на лицето: „Елтон, имаме ситуација“, ми рече Дејвид.
Тој ги нашол во ходникот како се расправаат и подготвени да се степаат, очигледно сакаа на тој начин да ги решат несогласувањата околу Дијана. Успеа да ги смиири правејќи се дека ништо не забележал и дофрли: „Еј момчиња, време е за вечерата“, но Сталоне не беше среќен.
Откако поминала вечерата, Дајана и Ричард повторно се сместиле удобно пред каминот и продолжиле со разговорот, а Сталоне навреден си заминал велејќи: „Да знаев дека ќе е тука „принцот на бел коњ“ немаше да дојдам. Да сакав можев јас да ја имам“.
Во нашата дневна соба, Дијана и Ричард сè уште вљубено гледаа еден во друг. Таа изгледаше крајно изгубена. Можеби таа не сфатила што штотуку ѝ се случило. Или можеби нејзе ѝ се случувале вакви ситуации секој ден.
Откако таа починала, луѓето почнале да зборуваат за нешто што се вика „Ефектот на Дијана“, односно начинот на кој успеала да го промени погледот на јавноста за кралското семејство, или за ХИВ-от, или за булимијата, и за менталното здравје. Но, секој пат кога ќе ја слушнев таа фраза, се присетував на таа фамозна ноќ.
Дефинитивно постоеше некој друг вид „Ефектот на Дијана“, оној што холивудските заводници ги доведува на работ на физичка пресметка, како двајца вљубени тинејџери.
FOTO: Jutjub/Skrinsot