Дијалогот за законот за обвинителство ќе продолжи, Јанева не е веќе тема на разговор

1284

Пратеникот Антонио Милошоски, по завршувањето на средбата со министерката за правда, за законот за обвинителство вели дека дијалогот со власта ќе продолжи, но дека ВМРО – ДПМНЕ остануваат на ставот дека мандатот на истражителите и обвинителите во СЈО да не биде подолг од тој на Катица Јанева.

Според изјавата на Милошоски на средбата била постигната согласност дека Катица Јанева повеќе не е предмет на дискусија дали да биде префрлена во новопланираното Обвинителство за гонење на висок криминал и корупција.

Милошоски истакна дека неговата партија ќе предложи решенија според европските стндарди и дека нема да дозвволи да се прави компромис на сметка на политиката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...