Дитмир Бушати утре во официјална посета на Македонија

154
ФОТО: EPA/CLEMENS BILAN

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, утреќе оствари официјална посета на Република Македонија, соопшти Владата.

– Се очекува разговорите да бидат посветени на прашања значајни за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспекитвите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата, трговската размена и интерконективноста. Ќе бидат разменети и мислења околу состојбите во регионот и перспективите на негово интегрирање во европските и евро-атлантските структури, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...