Дирекција за спасување предупредува: Подгответе се, од 1 до 10 јуни ќе има невреме

6090

Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.

Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.
ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...