СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Д.(57) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 14.1.2013 година до 20.11.2017 година пријавениот, како директор на Општинското основно училиште „Кочо Рацин“- Кратово, не објавил јавен оглас и не постапувал во согласност со Законот за јавни набавки, при што без склучување на соодветен договор за училиштето набавувал стоки, производи и изведувал градежни работи и монтажа од ист вид со поголем број на правни лица.
Исто така, без објавување на јавен оглас склучил два договори со физички лица за извршување на градежни работи. Со наведените дејствија била причинета материјална штета на Буџетот на Република Македонија во износ од 1.289.737 денари.