Директорот на Фондот за иновации Јован Деспостовски и неговата сопруга Јана Дуковска Деспотовска, покрај трите свои деца, деновиве соопштија дека станале згрижувачко семејство и посвоиле бебе.
Тие биле поттикнати од кампањата на Министерството за труд и социјлана политика и УНИЦЕФ, „На секое дете му треба семејство“.
– Уште од самиот почеток на нашата врска со Јово се договоривме дека без разлика дали и колку наши деца ќе имаме, едно мора да посвоиме. Бидејќи имаме три биолошки, Андреј (11), Ана (8) и Нина (5), се одлучивме да станеме згрижувачко семејство. И така Иво дојде во нашето семејство како четврт член – вели Јана Дуковска Деспотовска во интервју за Мама365.