Директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски во изјава за МИА ги демантира тврдењата на некои медиуми дека со владиниот авион „Лирџет“ заминал на шетање во Љубљана.
- – Станува збор за тренинг лет, кој заради безбедност мора да се изврши за владиниот авион. Летот е извршен на релација Скопје-Охрид-Љубљана. Во авионот има двајца пилоти, еден инструктор и четири лица. Летот почна во 7,30 часот, а по Охрид авионот продолжи за Љубљана, бидејќи тестирањето на авионот подразбира три часа непрекинат лет – вели Мирчевски за МИА.
Претходно во медиумите беше објавено дека Мирчевски заедно со четири жени, вработени во истата служба, со владиниот авион „Лирџет“ заминале на шетање во Љубљана