Директорот на неготинската гимназија: Не може синот на професорот истовремено да биде во Италија и на натпревар

1160
ФОТО: МИА

Не може синот на професорот истовремено да биде во Италија и на натпревар. Ова го констатирала неготинската гимназија откако добила допис дека нивен ученик во трета година, син на професор од училиштето, добил трета награда на државен натпревар.

Ова го објаснува директорот Драган Василев за МИА, по скандалот дека професорот ментор наместо синот од трета година на натпревар повел матурант, да решава задачи наместо него.

– Веднаш реагиравме до организаторот да не издава диплома за освоено трето место на погрешно лице. Доставивме известување за случајот до Министерството и полицијата. По налог на просветен инспектор, дисциплински ќе одлучуваме за професорот – нагласи директорот.

Одморот на професорите завршува во понеделник и во најбрз рок се очекува да се формира дисциплинска комисија која ќе решава за случајот.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...