Директорот на НАСА откри зошто Американците никогаш повеќе не стапнале на Месечината!

Тоа сè е поврзано со „политичките ризици“, објаснил директорот Брајденстајн, поради што дошло и до намалување на финансирањето.

582

Директорот на Американската вселенска агенција НАСА Џим Брајденштајн изјавил дека американските астронаути повеќе никогаш не се вратиле на Месечината, бидејќи од тој момент никогаш повеќе немало доволно средства за такви вселенски програми.

Тоа сè е поврзано со „политичките ризици“, објаснил директорот Брајденстајн, поради што дошло и до намалување на финансирањето.

– Да ги немаше тие финансиски ризици, ние веќе сега би биле на Месечината, би биле и на Марс – нагласил директорот на НАСА.

Брајденстајн појаснил дека НАСА од 1990 до почетокот на 2000 година се обидувала да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но дека двете програми побарувале долга подготовка и сериозни трошоци.

Првиот човек на НАСА воедно укажал и на тоа дека од истите причини можеби нема да се реализира ниту планираното слетување на Марс закажано за 2024 година.

Инаку, неодамна администрацијата на претседателот Доналд Трамп наложила да се забрза реализацијата на лунарниот програм, за во следните пет години да се оствари ново слетување на човек на Месечината, наместо до 2028 година, како што претходно било планирано, пренесе „Спутник“.

Извор: Б92

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...