Директорот на Железници од Кина ги најави новите локомотиви ВИДЕО

714

Генералниот директор на Железници транспорт АД,  Орхан Муртезани, кој се наоѓа во посета на Кина, најави дека наскоро железничката пруга ќе има четири нови електро-локомотиви.

Тој во кусата видео-порака од Кина, каде што е на увид во предиспорака на три од четирите електрични локомотиви, најави дека електро-локомотиви ќе бидат со вкупна сума осум милиони евра, обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

– Една од четирите локомотиви веќе е пристигната во Скопје, комплетирана е целосно документацијата и многу брзо ќе биде пуштена во сообраќај. Додека другите три електрични локомотиви деновиве ќе тргнат за Скопје. Со овие четири електро-локомотиви ќе имаме значително зголемен капацитет во превозот на железницата, и со тоа се надеваме на оодобрување на финансискиот резултат на компанијта – рече Муртезани во видео-пораката од Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...