Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја објави листата на трошоци на директорот Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.
Во втората половина на минатата година, тој има направено трошоци во вкупен износ од 294.742 денари и тоа по следните ставки:
- При патувања во странство – 192.430 денари од кои:
- за авионски билети – 102.857 денари и
- за хотелско сместување – 89.573 денари.
- Трошоци за репрезентација во Република Македонија – 83.040 денари од кои:
- угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 40.100 денари и
- угостителски услуги со дипломатски и претставници на државни институции – 42.940 денари.
- За службен мобилен телефон – 19.272 денари
Од Агенцијата потсетуваат и дека како отчет за своето работење, доставуваат годишни извештаи до Собранието на Република Македонија. Истите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата.