Директорката на кожната клиника заразена со коронавирус, во карантин целиот оддел

1544

Директорката на Клиниката за кожни болести е позитивна на коронавирус, а пред една недела таа допатувала од ризичните региони во Италија и пет дена одела редовно на работа – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Доцна синоќа на Инфективната клиника било потврдено дека оваа докторка е заразена со коронавирусот, по што е веднаш таму хоспитализирана. Екипа од Институтот за јавно здравје сега го проценува степенот на ризик за сите кои  контактирале со директорката, и вработени и пациенти.

– Ова непочитување на препораките е огромно разочарување, мерките за заштита ги повторуваме постојано. Можно е согласно препораките, одделот целосно да биде затворен, а медицинскиот персонал да биде ставен во домашна изолација. Епидемиолозите сега вршат разговори со вработените и со кого тие имале контакти. Добро е што докторката немала амбуланта. Пациентите кои лежат на кожна клиника, а можат и дома да се лекуваат ќе бидат отпуштени, а сите други за прегледи ќе се пренасочат во други болници – рече Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...