| Вести денес: 0

Директорката на Детската клиника, д-р Ставриќ, поднесе оставка

1062

Директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Катерина Ставриќ, си поднесе оставка од функцијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче, ја потврдил информацијата  за ТВ 24 .

Оставката д-р Ставриќ ја поднела уште пред изборите, како што се наведува, поради лични причини.

Во врска со тоа кој ќе ја наследи директорката – министерот изјавил дека Клиниката располага со доста стручен кадар и доколку Ставриќ остане на одлуката да се повлече од функцијата, допрва ќе се одлучува кој ќе ја наследи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...