Лажна е веста дека директорката на Кожната клиника, која е четврта заболена од коронавирусот во земјата, пред неколку дена била на свадба кај Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.
Николовски тврди дека директорката не била ниту на партиски состаноци ниту на неговата свадба, а тоа во изјава за Плусинфо ни го потврди и самата директорка.
– Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона. Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба. Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19. Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот – објави Николовски на Фејсбук.
Тоа го не била ниту на