Директнo се судриле возови во Брно: Повреден 21 патник

Машиновозачот го промашил сигналот и тргнал на колосек на кој воопшто не требал да биде. Засега не ја знаеме причината, изјави портпаролот на Железничката инспекција Мартин Драпал. 

111

Во директен судир на два воза утрово во близина на главната железничка станица во Брно, во јужниот дел на Чешка, повредено е 21 лице, соопшти Противпожарната служба за спасување.

Брзата помош пренела в болница 13 патници, а 250 лица од двата воза биле евакуирани.

– Спасувачките екипи згрижија 21 пациент, а 13 од нив мораа да бидат хоспитализирани. За среќа, станува збор за мали и средно тешки повреди, изјави портпаролката на пожарникарите Миахела Ботова.

Два локални патнички воза, при мала брзина, се судрија директно, околу 15 метри од перонот на главната железничка станица.

– Машиновозачот го промашил сигналот и тргнал на колосек на кој воопшто не требал да биде. Засега не ја знаеме причината, изјави портпаролот на Железничката инспекција Мартин Драпал. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...