Патничко моторно возило „хјундаи“ со дипломатски ознаки, управувано од Н.Г. (54) удрило во Х.А., полициски службеник, вчера во 15.17 часот во Скопје, на булеварот „Св.Климент Охридски“ во близина на Владата.
Х.А е пренесен во Градска општа болница Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.