Дипломатски синдикат: Димитров да го стопира огласот за избор на дипломати

355

Македонскиот дипломатски синдикат денеска изрази загриженост поради објавувањето на 21 интерен оглас за упатување дипломати во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП).

Според Синдикатот, конкурсот се распишува во сензибилен период кога веќе е договорен датум за предвремени парламентарни избори со што се отвара простор за политичка злоупотреба на редовниот циклус на ротација во дипломатско-конзуларните претставништва.

– Со оглед на законски предвидената должина на целокупната процедура за упатување дипломати во странство, сосема извесно е дека постапките длабоко ќе навлезат во транзитните 100 дена на таканаречената „Пржинска влада”, што дополнително ќе го компромитира комплетниот процес на донесување одлуки. Оттаму, оправдани се стравувањата и сомнежите на вработените во МНР дека се можни силни политички влијанија во изборот на кандидатите и партиски „клуч“ при кадровските решенија во облик на подобни имиња во стратешките центри како Вашингтон и Берлин, амабасадите во Хаг и Атина, како и мисиите при Европската Унија, НАТО и Обединетите Нации – велат од Синдикатот.

Зачудени се што министерот Димитров се решил на ваков чекор и очекуваат тој самиот да побара стопирање на огласите до завршување на изборите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...