Дипломатски пенал

2317

Моден тренд е последните децении (не само кај нас туку и во многу земји во светот) граѓаните со цел да постигнат одредени цели во нивното професионално или хуманитарно ангажирање да се здружуваат во организации и здруженија надвор од „капата“ или поточно влијанието на владите во креирањето на нивната програма и дејствување, познати како невладини организации или поевропски NGO.

Меѓу многубројните дефиниции за невладините организации би ги издвоил таа на ООН и Britannica, приближно со иста експликација. Невладина организација (НВО), според дефиницијата е „доброволна група на лица или организации, коиi обично не се поврзани со ниту една влада, која е формирана за да обезбеди услуги или да застапува јавна политика“.

Повод да барам дефиниција за НВО беше неодамнешната (доллго очекувана радосна ) вест преку соопштение и слики дека претседателот Пендаровски деновиве примил (прилично многубројна делегација!) од Дипломатскиот клуб која разговарала со него за актуелните политички настани додека тој „изрази очекување дека Дипломатскиот клуб, имајќи го предвид севкупното искуство на неговите членови, ќе даде придонес кон унапредувањето и зајакнувањето на дипломатската мрежа на Северна Македонија, во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународната билатерална и мултилатерална политика, а во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите“, завршува цитатот.

Мене не ми е проблем тоа што претседателот примил за размена на мислења „активни дипломати“ (како што стои во член 2 од нивниот статут) затоа што претседателот по природа сака да го сослуша секого што мисли за одредена проблематика, но посебен проблем ми претставува како е изманипулирана синтагмата „активни дипломати“.

Согласно чл. 2 од статутот „Дипломатскиот клуб е невладина, доброволна, професионална и непрофитна организација на граѓани во Република Северна Македонија со цел, како активни или поранешни дипломати, да се здружуваат за да работат за општото добро и интересите на Република Северна Македонија и на држави (кои?)чии дипломатии се залагаат за демократски и современи меѓународни односи“.

Гледајќи ги внимателно сликите делегацијата ја водеше претседателот на Клубот кој со одлука на Владата е именуван веднаш по потпишувањето на Договорот од Преспа за претседател (или раководител?) на Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција со (како што велат луѓето) добра владина плата и канцеларија во МНР! Значи невладин! Сликата ни кажува дека некои се на раководни работни места на дипломати во МНР согласно член 63-ѓ од Законот за надворешни работи како директори на дирекции и (како што слушнав) многу сериозни кандидати за идни амбасадори. Некои други согласно член 63-е од ЗНР се дипломати од ниво на стручни работни места како специјални советници или раководители на сектори, и др. и др.

Сега останува читателите да оценат дали тоа е „доброволна група на лица или организација, кои обично не се поврзани со ниту една влада“ според дефиницијата на НВО или се дипломати вработени во МНР, раководат дирекции и сектори, некој можеби е специален советник, некој можеби иден амбасадор и никој не работи доброволно туку со месечна утврдена плата!!!

Кој манипулира со критериумите за членство на Дипломатскиот клуб? Кој може да го толкува член 1 од Одлуката за критериумите на членство кој гласи:
член на Клубот може да биде:
– активен или поранешен дипломат на Република Македонија, кој работел најмалку 6 (шест) години о Министерството за надворешни работи;
Дали зборот активен значи вработен или и нешто друго?
Да е иронијата поголема дипломатите од раководни и стручни работни места согласно ЗНР за нивната работа одговараат пред министерот и државниот секретар додека според ЗНР министерот е орган на надворешната политика.

Согласно ЗНР оваа група инкорпорирана во „Дипломатскиот клуб“ не може
„да обезбеди услуги или да застапува јавна политика“ туку да ја спроведува политиката која ја креираат органите на надворешната политика: Министерството, министерот, Владата, Претседателот на Републиката.

Моето прашање до нив е: дали ќе беше покоректно и позаконски овие „невладини директори и можни идни амбасадори“ согласно ЗНР нивните идеи и визии „на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународната билатерална и мултилатерална политика, а во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите“ да му ги изложуваат прво на нивниот претпоставен МНР и да бараат од него основање на „Дипломатски совет“ согласно член 17 од ЗНР и во него да ги ангажира и нив, со цел да не се шетаат по разни дипломатски клубови за да го докажуваат нивното искуство и знаење?

П.С- Овие се мои лични ставови и не соодејствуваат со ставовите на здружението „Совет на Амбасадори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...