Дипломатски клуб: Иванов ја уништува дипломатијата, празни се 20 места за амбасадори

1425

Празни се 20 позиции на амбасадори на Република Македонија во странство заради неноминирање на амбасадори од страна  на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата, реагира Дипломатскиот клуб.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб – Скопје расправајќи за актуелните прашања од надворешната политика и дипломатијата на Република Македонија, констатира дека постои блокада во професионалниот развој на дипломатската структура како во Министерството за надворешни работи, така и во несоодветното претставување на земјата во странство.

„Евидентно е дека заради блокадата за неименување на шефови на Диломатско-конзулрните претставништва на Република Македонија во странство од страна на претседателот Ѓорге Иванов, несоодветно се претствуваат, афирмираат и бранат интересите на Република Македонија. Ова е особено индикативно кога треба максимално да се вложат напори за финализирање на интегрирањето на државата во европските и евроатланските структури.

Дипломатско искуство и практика е дека пренесувањето на инструкциите од МНР до највисоките нивоа на креаторите на надворешната политика во секоја држава е најефикасно кога се пренесуваат од страна на акредитираните амбасадори. Актуелно празни се 20 позиции на амбасадори на Република Македонија во странство заради неноминирање на амбасадори од страна  на претседателот Иванов и покрај серијата предлози што до него ги има доставено Владата на РМ.

Со таквиот однос на Иванов доаѓа до уназадување на нивото на односите на Република Македонија со државите со кои сме потпишале и договори за отворање на амбасади со именување на амбасадори. Воедно со овој однос директна штета трпат позицијата и угледот на Република Македонија во светот, блокирани се најзначајните политички, економски и културни иницијативи за развој на вклупните односи на заинтересираните субјекти и граѓани со нивните партнери во светот, а се блокира и природното унапредување и професионален развој на дипломатите во Министерството за надворешни работи на РМ“, се вели во реакцијата на Дипломатскиот клуб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...