Дипломати од Украина и од ОБСЕ победија на дипломатскиот турнир во тенис

327

Ростислав Палахусинец од амбасадата на Украина во Скопје и Штефан Нунер од ОБСЕ победија на дипломатскиот турнир во во двојки во тенис што се одржа викендов во Скопје.

Турнирот се одржа на терените на тенискиот клуб „МТП“ во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, „Дајнерс Клуб Интернационал“ и „Дипломатскиот клуб-Скопје“.

Учествуваа околу 50 претставници на повеќе странски амбасади акредитирани во Република Македонија, како амбасадите на САД, Кина, Русија, Велика Британија, Хрватска, Украина, Словенија, Словачка, потоа претставници од ЕУ, ОБСЕ, ЕБОР, УСАИД и од Министерството за надворешни работи, како и претставници на македонската и меѓународната бизнис заедница.

Пригодни награди за победниците обезбедија ко-организаторот „Дајнерс Клуб Интернационал“, како и „Алкалоид“, и „Спорт Вижн“, а турнирот го спозорираа и „Кодинг Горска “, „Ачибадем Систина“ и „М Кар“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...