Дипломатите и амбасадорите ќе играат тенис

133

Тениски турнир во двојки организираат денеска и утре Министерството за надворешни работи, Дајнерс клуб интернационал и Дипломатскиот клуб – Скопје.

На турнирот ќе учествуваат околу 50-тина претставници на повеќе странски амбасади во Република Македонија, меѓународни организации, претставници од Министерството за надворешни работи, како и претставници на македонската и странската бизнис заедница.

Натпреварите ќе се одржат на терените на тенискиот клуб МТП во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...