Дипломатите го поддржаа договорот со Грција

298

По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на деценискиот спор за името на нашата држава, Дипломатскиот клуб смета дека тоа е настан без преседан во историјата на македонската дипоматија и ја поздравува постигнатата согласност.

„Самиот чин на потпишувањето и ратификацијата на оваа Спогодба сметаме дека ќе биде во рамките и потврда на реализацијата на стратешките определби на Република Македонија за интеграција во евро-атлантските структури, за што во државата постои масовна поддршка од самото нејзино осамостојување во 1991 година.

Воедно сметаме дека оваа Спогодба го докажува и историски ќе го потврди самопрегорот и државничката храброст на актуелната генерација на граѓаните и политичарите, а со нејзиното целосно имплементирање, нашата држава како потполн суверен меѓународен субјект ќе може да ги искористува сите придобивки на современите цивилизациски вредности и достигнувања“, се наведува во соопштението на Дипломатскиот клуб.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...