Димовски: Со ФИРОМ ни се обраќаат другите, а со Северна Република Македонија сами ќе се нарекуваме ВИДЕО

1309

Во тек е продолжението на седницата на Собранието на која се дебатира за потребата од уставни измени во врска со промена на името на државата.

Ние сме против каква било промена на уставното име, а со тоа и на преспанскиот договор, категорични се пратениците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ , наспроти ставот на пратениците од парламентарното мнозинство кои повикуваат да се гласа за Договорот со Грција за да и се отвори пат на државата кон евроатланските интеграции.

-Не е прв пат власт да забега. Тоа во Македонија се случува како по традиција – рече пратеникот Илија Димовски кој потсети на членот 2 од Уставот според кој суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

-Власта не ни припаѓа на мене, на Џафери, на Заев, таа им припаѓа на граѓаните . Граѓаните на Македонија не гласаа за ниту еден пратеник кој им вети дека ќе го смени уставното име- им рече Димовски на неговите колеги од парламентарното мнозинство.

Тој ја истакна и разликата помеѓу референцата ФИРОМ и предложеното име согласно преспанскиот договор – Република Северна Макеонија.

-ФИРОМ, е привремена референца со која ни се обраќаат другите, а Северна Република Македонија е трајно име со кое ние сами ќе се нарекуваме – рече Димовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...