Димовски на „Топ тема“: Многу е слатко кога човек од СДСМ ќе рече дека снимките се сечени, лепени и монтирани

1008

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма, рече дека е многу слатко кога ќе слушнете човек од СДСМ како коментира за сечени, лепени и монтирани снимки. Тој ова го кажа во смисла на аудио-снимката што неодамна исплива на површина за експремиерот Зоран Заев.

– Тоа народски кажано е со свој камен по своја глава. Јас ќе потсетам што беа сечени, лепени, монтирани снимки, коишто имаа зла компонента во себе како снимките сечени, лепени за Мартин Нешкоски, за „Монструм“, за Никола Младенов. Токму тие снимки имаа за цел да насочат револт на граѓани кон одредена политичка структура извртувајќи ја комплетно вистината, што на крај сето тоа се покажа и се докажа дека била целосна конструкција – истакна Димовски.

Претходно, во истата емисија, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, рече дека „бомбите“ што во 2015 година ги објави Заев не можат да се споредуваат со снимките што овојпат ги објавува пратеникот Антонијо Милошоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...