Апелацискиот суд донел одлука да ја уважи жалбата на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и да му ја укине мерката на претпазливост, пишува во шестмесечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство, објавен вчера.
– Постапувајќи по жалбата на обвинетиот Илија Димовски, Апелациониот суд на нејавна седница одржана на ден 19.10.2018 година донесе решение КСЖ-636/18 со кое жалбата на обвинетиот Илија Димовски изјавена лично, се уважува со што мерката претпазливост – привремено одземање на патна исправа се укинува, а на обвинетиот Илија Димовски му се враќаат одземените патни исправи, соопштија од СЈО.
Димовски е обвинет во предметите „Титаник“ за изборни измами и „Талир“ каде е обвинет за кривично дело „перење пари“.