Димовски до Милевски: Ќе преземете ли нешто против пет-шест градоначалници – џамбаси, гавази и насилници

999

Милевски што вие лично мислите за пет-шест градоначалници кои се однесуваат како џамбаси, насилници и гавази во општините и што како министер сте спремни да преземете кон овие градоначалници, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски министерот за локална самоуправа Горан Милевски на седницата за пратенишки прашања.

– Против градоначалникот на Делчево, Горан, за кого медиумите ообјавија како пред приватна фирма наредил да се истури грдежен материјал. Што преземавте и дали имате намера нешто да преземете против градоначалникот на Шуто Оризари? Зошто не презедовте ништи за грдаоначалникот на Демир Хисар, кој јавно се заканувал на општинарите дека ги снимал и уценувал да гласаат за СДСМ? За градоначалникот на Крушево, кој се заканувал дека ќе тужи оти некој кажал дека е дебел? На градоначалникот на Ѓорче Петро,в Александар кои си поигруваше со возрасна госпоѓа и лажеше дека нешто направил за нејзината улица и последно, директно да одговорите дали инспекторатот ќе преземе драконски мерки кон оној џамбас од Лозово кој се изживува кон две хигиеничарки – праша Димовски.

Министерот за локална ќе одговори по паузата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...