Димовски до Заев: Направете поголема реконструкција, има министри кои не ги ни знаеме

828

Наместо смена на министрите без ресор Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил, добро би било да направите поголема реконструкција на Владата, бидејќи имате министри кои не си ја вршат работата, а некои од нив не ни знаевме дека се министри, му предложи на премиерот Зоран Заев пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на собраниската седница на која меѓу точките е и разрешувањето на двајцата министри.

– Добро и искрено е што признавте дека ги разрешувате од политички причини, односно на барање на вашите коалициски партнери. Но треба да размислите за посериозна реконструкција. Воедно размислете да го исполните и ветувањето дека ќе го намалите бројот на министерства, оти се премногу, особено тие без ресор – рече Димовски.

Заев во образложението за разрешување на министрите рече дека е од политички причини. Тој претходно во изјава рече дека е задоволен од работата на двајцата министри, но оти ќе бидат разрешени на предлог на партиите кои се коалициски партнери во Владата.

Пратеникот Самка Ибраимовски побара пратениците да се откажат од расправата за разрешувањето на министрите и да ја почитуваат неговата волја како претседател на ПЦЕР, Ахмедовски да биде разрешен.

На ова Димовски му порача дека му шутира пенал на Заев, бидејќи премиерот е одговорен и ја цени работата на министрите, не претседателите на партиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...