Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на својот Твитер профил објави статус во врска со одбивањето на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ.
– Да потпишеш договор како оној од Нивици и за возврат да добиеш само тапшање и неколку убави зборови од ЕУ (што и беше причина за договорот и референдумот) е доволна причина да признаеш промашена стратегија. Лани ни одложија за една година, годинава – за пола – напиша Димовски.
A во следниот пост на Твитер Димовски открива и дека е оптимист за во октомври годинава, но и дека ЕУ ѝ удри шамар на Владата…