Димовски бара во Преамбулата да влезат и ТМОРО, Кресненското востание и Уставот од 1991

883

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на комисиската расправа за уставните амандмани во Собранието, предложи освен Охридскиот рамковен договор во Преамбулата од Уставот да влезат уште три документи.

Едниот е Уставот на Република Македонија од 1991 година, потоа правилата на македонскиот востанички комитет на Кресненското востание од 1878, како и првиот устав од ТМОРО од 1896 година.

Причната која ја посочи за Уставот од 1991, е што тој е првиот на целосна независност и суверена држава. Предлогот за вметнување на правилата на востаничкиот комитет, Димовски го образложи со тоа што во овие правила се утврдува концептот на идната македонска држава, додека за Уставот на ТМОРО тој наведе дека тоа е документ со кој се формира прва организација на Македонците.

Повеќе од аманманската расправа во Собранието:

Заев: Знам дека не е исто проглас и одлуки на АСНОМ ама имаме договор

Првиот амандман со 10 гласа „за“ помина на Комисијата за уставни прашања

Димков: Нѐ фати еврејската клетва

Мицевски: Ја укинуваме Република Македонија, Северна е нова творевина

Заев: АСНОМ не се брише, името ќе биде Република Северна Македонија

Мицевски: Заев и Џафери сакаат низ мала врата да ги протнат уставните измени

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...