Димовски: Амнестијата не е услов за ДИК

334

Потребно е усогласување на политичките партии во Собранието за неопходните постапки за успешен избор на членови на Државната изборна комисија (ДИК), апелираше денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за избори и именување Илија Димовски.

Според него, во процедурата за избор на ДИК постојат три ситуации каде што треба политичка согласност бидејќи, како што рече, станува збор за комплицирана постапка која парламентарните групи во Собранието на РМ треба успешно да се завршат.

-Покрај оние фази за донесување на одлука за објавување на конкурс што се завршени, следуваат неколку фази што треба внимателно да се спроведат. Првата фаза е утврдување на прочистена листа на кандидати, односно апликанти кои ги исполнуваат условите. Тоа треба да го напреави Комисијата за прашања за изборите и именувањата каде што, како што знаете, дека е Комисија раководена од страна на опозицијата, но има и комплицирано мнозинство, а тоа се шест члена на ВМРО -ДПМНЕ, шест члена на СДСМ и еден пратеник на БЕСА на Билал Касами, информираше Димовски.

Појасни дека после тоа треба листата да се прати кај претседателот на Собранието Талат Џафери и да ги замоли партиите да достават предлозои од утврдените кандидати, потоа, рече тој, следува усогласување на партиите. Таквите предлози се доставуваат до Комисијата за прашања и именувања која, пак, од предлозите оформува конечна предлог одлука и ја доставува до Собранието, а потоа Џафери свикува седница.

-Собранието треба да го гласа со двотретинско мнозинство, а тоа е трет пат каде што се бара усогласување на политичките партии. Доколку нема усогласеност, а Комисјата свика седница, таа постапка ќе биде осудена на неуспех, рече Димовски.

Според него има и други варијанти каде што претседателот Џафери може да го прескокне него и сам да ја свика Комијсата. Димовски вели дека таа варијанта е комплицирана бидејќи нема мнозинство во Комисијата со што, според него, тоа е премногу компицирано.

Во однос на барањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за амнестија на осудените од настаните од 27 април во Собранието на РМ, Димовски рече дека тоа не е условот на ВМРО-ДПМНЕ, односно дека таа постапка не е поврзана за постапката за формирање на ДИК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...