Да имаш, па да немаш, нѐ фати еврејската клетва и им се чудам на пратениците од СДСМ како можат да го прават ова и да не откажат од нашето уставно име Репубика Македонија, истакна Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ на амандманската расправа на седница на собраниската Комисија за уставни прашања.
Димков рече дека не се почитува одлуката на народот јасно изразена на референдум.
– Кои сме ние пратениците да не ја почитуваме волјата на народот – праша Димков и рече дека злоупотребата сто е прави оди на контото на Собранието.
Тој ѝ порача на власта дека не се влегува во НАТО и ЕУ со промена само на името и повика на почитување на законите и волјата на народот.
– Квалитетно образование, здравство, стабилна економија е тоа што го бара Европа, ние три пати да го смениме името нема да влеземе во ЕУ ако не ги исполниме тие услови – рече пратеникот.
Димков алудирајќи на промената на името и за внатрешната употреба на новото име ѝ порача на власта да не се прави злоупотреба затоа што сакајќи да им ја продаде приказната на граѓаните дека ФИРОМ се менува, заборава да каже дека го менуваме уставното име Република Македонија.
Повеќе од аманманската расправа во Собранието:
Мицевски: Ја укинуваме Република Македонија, Северна е нова творевина
Заев: АСНОМ не се брише, името ќе биде Република Северна Македонија
Мицевски: Заев и Џафери сакаат низ мала врата да ги протнат уставните измени