Димитров ќе предава во Грац за Преспанскиот договор и евроинтергацијата

92

„До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија“ е темата на предавањето, кое шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе го одржи денеска на Универзитетот во Грац, а кое потоа ќе биде проследено со отворена дискусија, соопшти МНР.

Димитров денеска престојува во работна посета на Грац, на покана на Универзитетот во австрискиот град, а посбен акцент на предавањето ќе биде ставен на Договорот од Преспа, „европеизацијата“ како процес кој придонесува кон надминување на конфликтите и споровите во регионот, како и актуелните предизвици и идните перспективи на патот кон Европската унија. Министерот за надворешни работи ќе има средба со раководството на Универзитетот.

Димитров ќе има работна средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, како и неформална дискусија со претставници од академската и бизнис заедницата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...