Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот Фејсбук профил се обрати откако Европската Унија одлучи да почне преговори со Македонија и со Албанија во јуни 2019 година под неколку услови кои треба да се исполнат до тогаш.
– Ќе нѐ биде! Ќе има пот, солзи и многу разочарувања, ама ќе нѐ биде. Колку повеќе пречки, толку поголема радоста на крајот.
Го пропуштивме времето кога патот беше асфалтиран, сега ќе се качуваме по планински пат, тесен и стрмен, покрај дожд и силен ветар. АМА ЌЕ НЀ БИДЕ!
И сите тие кои уште се намрштени, збунети, скептични, без надеж – и нив ќе ги мотивираме.
Време е генерацијо да засукаме ракави и да си ја завршиме нашата мисија. Да расчистиме со предизвиците за нашиот идентитет, државност и сигурна иднина.
И последно, исцрпувачки ден беше денес.