Димитров: Чиј глас повеќе тежи?

1495

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на продолжението на собраниската Комисија за уставни прашања ги праша пратениците кој глас повеќе се слуша, тој на тие што гласаа за 610.00 или на тие што не излегоа да гласаат, односно околу 36,000 граѓани.

Тој ги повика пратениците да гласаат за европска Македонија, како што покажуваат резултатите од референдумот, кој според опозицијата, е неуспешен, а Договорот со Грција  е мртов.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков, порача дека промената на уставот со цел промена на уставното име е срамен и тажен момент во македонската историја.

– Според мене, ова е најтажен и најсрамен момент во историјата на Република Македонија со цел да си го промениш името на државата. Името е спомнато во најстариот документ во историјата, Библијата. Името Македонија е историска придобивка на сите. Самот обид за вакво нешто е голем срам за оваа генерација Македонци. Вие продолжувате на сила да ги туркате уставните амандмани, а тоа е показател за уште една манипулација на македонските граѓани. Тие беа уверувани дека нема да има промена на уставното име. А, уште во почетокот спогодбата беше неделовнички поставена – рече Димков.

Премиерот Зоран Заев порача дека знае оти е голем бројот на опозициските пратеници кои се согласуваат дека нема друга алтернатива.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ порача дека и да имала власта двотретинско мнозинство не е коректно да прифати ваков Договор оти уште при преговорите, на потпишувањето на Договорот и при одлуката за референдум ги донеле без опозицијата.

На денешното продолжение на сеницата зборуваше и пратеникот Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромие, која е дел од владејачкото мнозинство, порачувајќи оти ќе гласа за уставни измени.

Тој кажа дека долги години сме во транзиција и повеќе одиме назад наместо напред, сите земји во регионот напреднале, а Македонија заостанува.

Какви се тие патриоти кои душа даваат за Македонија, а во буџет рака ставаат, праша Ивраимовски, порачувајќи им на другите да ги следат по Ромите бидејќи тие се секогаш со вистинските сојузници. За него референдумот е успешен зашто гласале над 500.000 граѓани, а проблемот е во избирачкиот список.

Ибраимовски зборуваше и за Панос Каменос кој е дел од грчката Влада предводена од Ципрас, за кого рече дека и токму затоа и тој во грчкиот парламент ќе гласа и оро ќе игра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...