Димитров: Чест е името да ти се споменува како претседателски кандидат

92

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, не сакаше директно да одговори дали тој би бил претседателски кандидат на претстојните избори, но рече дека му е чест што името се споменува како можен кандидат.

– Ова е важен процес што вклучува консултации и одлуки на партиско ниво, консултации со политички партии, со граѓаните во смисла на анкети… Рано е, мора да ги почитуваме овие процеси. Голема чест е името да ти се споменува ама имајќи ги во предвид кандидатите што се споменуваат убеден сум дека како коалиција за иднината ќе излеземе со кандидат кој ќе победи и ќе има убаво и зрело партнерство со Владата – рече Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...