Димитров: Чесно е, ако не верувате во Договорот да се тргнете

607

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за уставните амандмани кои се пред пратениците и дали власта очекува нивно изгласување. Тој одговараше и на прашање за пратеникот од владејачкото мнозинство, Ферид Мухиќ, и дали власта го очекува неговиот глас сега.

– Силен интерес на ова општество е сите пратеници да имаат слобода да одлучат согласно својата совест и мудрост бидејќи има огромна одговорност нивниот глас. И нивниот глас „за“, меѓутоа и нивниот глас „против“. Мислам дека ова не е споредно прашање, ниту за владата, ниту за нашата држава. За нешто толку крупно, јас, на пример, ако не се согласував лично и имав проблем со својата совест нема да можев да седам, да бидам министер за надворешни работи, ако цврсто не верувам и активно не сум ангажиран во успехот на овој процес. Така што, пратениците и сите ние коишто сме носители, ставивме рамо и преземавме одговорност за овој процес, за мене е спорно да го гледате од страна. Сакам да кажам, прашањето е преголемо, мислам дека би било чесно, ако не верувате да се тргнете – рече Димитров.

На прашање на новинарот дали е тоа порака за Мухиќ, министерот рече „можете да ја толкувате како сакате, ама прашањето не е споредно, прашањето е клучно за иднината на нашата татковина“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...