Димитров: Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО!

549
Photo: NATO

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Со ваква вест министерот за надворешни работи, Никола Димитров, предмалку се пофали на социјалните мрежи.

Сега останува да се завршат процедурите и во Франција и Шпанија.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, пак, утрово изјави дека очекува до крајот на ноември или до Лондонскиот самит да заврши ратификацијата и во Франција, а останува само ратификацијата во Шпанија, за што посочни проценки ќе можат да се направат дури откако ќе биде јасна новата влада.

– Според најавите, првата седница на шпанскиот Парламент ќе биде почетокот на декември. Секое шпекулирање сега, ќе биде само шпекулација. Многу внимателно ги следиме настаните, ја испраќаме континуирано пораката дека е многу важно за нас, но и за регионот, нашето членство да биде час поскоро – изјави Шекеринска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...