Димитров утре патува за Софија

Шефот на македоснката дипломатија ќе учествува на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите – членки на Европската Унија и на земјите – кандидати.

562

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Софија, ќе учествува на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите – членки на Европската Унија и на земјите – кандидати.

Димитров во Софија патува на покана на Кристиан Вигенин, претседавач со Комисијата за европски прашања и надзор на европските фондови при Националното Собрание на Република Бугарија,

Оваа Конференцијата се одржува во рамките на ротирачкото бугарско претседавање со Советот на Европската Унија, каде министерот Никола Димитров е поканет како специјален гостин да се обрати на сесијата „Интеграција и поврзаност на Западниот Балкан – нова движечка сила на политиката за проширување на Европската Унија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...