Димитров: Утрешниот ден е многу важен ФОТО

Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза. Факт е дека има многу прашања за кои што има разбирање, тоа разбирање е поврзано со крај, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред утрешната средба со грчиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и преговарачот Метју Нимиц, во Сунио во близина на Атина.

914

Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза. Факт е дека има многу прашања за кои што има разбирање, тоа разбирање е поврзано со крај. Тоа што е договорено не е договорено ако не е договорено се. Факт е дека утрешниот ден е многу важен. Наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе да ги покрива потребите на двете страни.

Ова го изјави изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред утрешната средба со грчиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас и преговарачот Метју Нимиц, во Сунио во близина на Атина.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, Никос Коѕијас, денеска учествуваше на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група, во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“,  во местото Сунио.

Покрај стандардниот формат од минатата година во Будимпешта, каде учествуваа министрите за надворешни работи на четирите земји членки на ЕУ од Балканот – Грција, Република Бугарија, Република Хрватска и Република Романија, плус Република Словенија, за прв пат беа поканети и земјите – кандидати од овој регион – Република Албанија, Република Македонија, Република Србија и Црна Гора, плус Босна и Херцеговина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...