Димитров: Со последниот предлог се зајакнува идентитетот

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас имаат цврст однос и сакаат ова прашање да се реши.

1788

Предлогот „Република Илинденска Македонија“ го зајакнува идентитетот изјави вечерва министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за време на гостување на телевизијата „1ТВ“.

– Илинден го има во двете преамбули на Уставот. Тоа се двата столба на нашата државност и тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија – рече Димитров.

Тој информира дека предлогот бил утврден на министерско ниво на средбите со неговиот колега Никос Коѕијас, пред за него да разговараат и премиерите.

За средбите со Коѕијас, откри дека често се главно пријателски иако се расправаат на преговорите.

-Нема министер со кој се гледам почесто. Сега повторно ќе се сретнеме оваа недела во Њујорк – рече Димитров.

Тој изјави и дека премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас имаат цврст однос и сакаат ова прашање да се реши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...