Димитров со порака до Иванов: За прашањето за името потребно е лидерство

2712

За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што нѐ влече надолу и нѝ ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори, е ставот на министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбата со претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Димитров, на денешната средба со Иванов информирал за содржината на последните разговори со МНР на Грција, Никос Коѕијас, во Њујорк и во Брисел.

– Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата – изјави Димитров.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...