Димитров-Сингер: Еврејската заедница има значајна улога во општествениот и културниот живот на земјава

67

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба со извршниот потпретседател на Светскиот Еврејски Конгрес, Роберт Сингер, со кој разговарале за конкретните активности и мерки што државата ги презема на планот на сеќавањето и образованието за Холокаустот и соработката со еврејската заедница во земјава, која, како што било оценето има значајна улога во општествениот и културниот живот на нашата земја.

Извршниот потпретседател Сингер, како што соопшти МНР, се заблагодарил за поддршката на Владата на Северна Македонија на активностите на еврејската заедница во земјата и оддал признание за придонесот на државата во негување на споменот на македонските Евреи, кои во 1943 година беа депортирани во логорот на смртта Треблинка.

– Во тој правец, ја истакна важноста на процесот на едукација на новите генерации како најдобар механизам за справување со заканите од негирање и искривоколчување на Холокаустот, анти-семитизмот и говорот на омраза, се вели во соопштението од МНР.

Тој ја нагласил и подготвеноста на Светскиот Еврејски Конгрес, како меѓународна организација која ги претставува еврејските заедници и организации во над 100 земји низ светот, во претстојниот период активно да продолжи да соработува со земјава преку разни кампањи и програми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...