Димитров се сретна со Гутереш: Имаме историска шанса да затвориме повеќедецениски спор

545

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

На средбата се разговараше за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

-Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор – изјави Димитров.

Министерот Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции

-Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа – вели Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...