Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по завршување на денешниот состанок на министрите на ЕУ коишто не донесоа одлука за почнување преговори со Македонија, објави статус на својот Фејсбук.
Димитров го цитираше Жан-Пол Сартр и напиша:
„Само тој што не весла има време да го ниша чамецот.” Жан-Пол Сартр.
Министерката за надворешни работи на Финска, Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ попладнево изјави:
– Земјите членки на ЕУ не успеаја да се договорат за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија. Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава, нагласи Тупураинен на прес-конференција во Луксембург, по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.