Димитров пред амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ: Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја и за регионот

351

Дојдовте во интересно време. Благодарни сме што споделуваме заедничка визија за Регионот. Завршивме голема работа, направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот.

Ова е пораката на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој е домаќин на приемот  за амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа кои, под раководство на заменикот помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржуваат советување во Скопје.

Во обраќањето пред амбасадорите на САД во С. Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, високите претставници на Стејт Депертментот и претставници на Министерство за надворешни работи, министерот Димитров изрази задоволство од изборот на нашиот главен град за место на одржување на регионално советување на американските амбасадори.

– Ова е дополнителна потврда и за цврстото и продлабочено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави – рече Димитров и додаде  дека регионалното советување на амбасадорите на САД во Скопје претставува можност и за продлабочена размена на мислења со земјата домаќин за значајни прашања од заеднички интерес.

Димитров се заблагодари и за неодамнешната ратификација на пристапниот протокол за НАТО во американскиот Сенат, а ја потенцираше и важноста на Стејт Департментот во профилирањето на американската политика на продлабочена соработка и стратешко партнерство со С. Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...