Димитров: Поважно е да мислиме на тоа каков профил на претседателски кандидат ни треба

На прашањето дали планира да се кандидира за претседателските избори, вели дека предност му е европскиот пат на земјата. Додава дека во СДСМ ќе се отвори процес на дебата, анкети, консултации со коалициски партнери, во кои ќе биде вклучен и тој.

736

И најжестоките противници на ова историски помирување во догледно време, како што ќе се гледаат резултатите од ова историско приближување ќе го оправдаат овој чекор, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Сител во врска со Договорот од Преспа.

Тој истакна дека внимателно ја следел состојбата во Атина, каде денеска се одржуваа протести против Договорот од Преспа, имал неколку телефонски разговори со различни страни. Нагласи дека бројката од 60 илјади учесници на протестите е драстично помала во однос на оние во февруари кога имало околу 140 илјади граѓани, што значи дека трендот е позитивен.

– Овој жесток отпор во Грција, еден од органзаторите го спореди Договорот со национална трагедија, Мицотакис рече дека е национален пораз. Истиот Договор се доживува неразлично како и кај нашата опозиција, тоа покажува каков бил јазот меѓу двете страни и зошто ние и светот тој Договор го нарекуваме историски – рече Димитров.

Тој рече дека се очекува гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот да се случи кон крајот на следната недела и искрено се надева дека ќе биде поддржан со апсолутно мнозинство.

Во врска со уставните измени и напорите за добивање двотретинско мнозинство Димитров нагласува дека делумна амнестија имаше за 27 април.

– Факт е дека имаме едно многу поделено општество и дека мора да најдеме начин повеќе да бидеме заедно, но тоа не може да се прави на сметка целосно да се загрози принципот на одговорност оти многу ќе биде тешко сите ние да најдеме волја да одиме напред, ако има општа неказнивност – рече Димитров.

Министерот нагласи дека амнестијата за 27 април не допира на нешто на што особено се посветува внимание во ЕУ, а тоа е корупцијата.

– Мораме овој период сега од денеска се до денот кога ќе може да се вметнува нашиот напредок во извештајот на ЕК да дадеме се од себе како држава, администрација, општество да создадеме амтосфера дека Македонија е толку цврсто решена да чекори напред што практично ќе биде непријатно да не се влезе во тој консензус меѓу земјите членки – додаде Димитров.

На прашњето за можноста со претседателските да се одржат предвремени парламентарни избори Димитров нагласи дека тој по природата на ресорот што го води е упатен да ја има големата слика во вид.

– Од една страна разбирам, на некој начин Владата беше предизвикана од опозицијата да размислува за вонредни парламентарни избори во ситуација кога сите анкети велат дека опозицијата ќе загуби. Втор аргумент може да биде тоа што решивме едно големо прашање и инстиктивно сакаме да си го освежиме легитиметот пред народот – вели Димитров но напоменува дека од друга страна државниот интерес налага овие месеци што претстојат до објавување на извештајот на ЕК да се искористат за тоа, бидејќи и ЕУ се соочува со свои предизвици во периодот што престои.

– Нашата задача во оваа смисла е да обезбедиме се за да ги дадеме резултатите – тоа е НАТО членство или почеток на преговори – додава шефот на македонската дипломатија.

На прашањето дали планира да се кандидира за претседателските избори, вели дека предност му е европскиот пат на земјата. Додава дека во СДСМ ќе се отвори процес на дебата, анкети, консултации со коалициски партнери, во кои ќе биде вклучен и тој.

– Во оваа фаза важно е повеќе да мислиме на тоа каков профил ни треба за преседателски кандидат – истакна Димитров и изрази уверување дека ќе излезат со одличен кандидат за шеф на државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...