Димитров: Парламентот треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот ВИДЕО

251

Собранието треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната дебата „Билатералното на Балканот: Регионалните импликации на билатералните спорови“, организирано во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018.

– Излезноста на референдумот беше близу 37 проценти и иако имаме Изборен законик кој предвидува цензус, сепак 609 илјади граѓани кажаа „да“. Тоа е мнозинството и тие сакаат Македонија да оди напред. Следат разговори во Парламентот. Ни претстои историска одлука. Нашата реалност е дека не може да го заобиколиме спорот за името на патот кон НАТО и ЕУ. Парламентот треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот. Ова е клучот. Ако сакаме напред, треба да го искористиме овој клуч- рече Димитров.

Според него, единствен пат кога повеќе граѓани се изјасниле „за“ на некои избори биле оние во 1994 година кога Киро Глигоров беше избран за претседател на државата.

Димитров меѓу другото истакна дека предвремени парламентарни избори се последна опција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...